82 годишен израелец светски експерт за марихуана!

popara10 мај, 20121min00

Израелецот Raphael Mechoulam во текот на 60-тите години станал истражувачки научник, а неговото поле на истражување се позитивните и негативните последици од консумирањето на марихуана.

Откако го спровел своето прво истражување на почетокот на кариерата, му рекле дека САД не се заинтересирани за неговите проекти. Меѓутоа, после некое време тој добил повик кој му го променил животот. Тој повил стигнал токму од американското ФБИ, од каде му рекле дека тие сакаат да го спонзорираат во неговите проекти.

„Ги прашав што се променило. Испадна дека некој син на човек кој бил на висока функција во ФБИ пушел мариуана, а кога Рафаел ги прашал дали мозкот му е оштетен, никој незнаел да одговори, бидејќи американците немале спроведено такви истражувања“, изјавил 82 годишниот експерт.

Откако тој го открил синтетичкиот ТХЦ во 1964 година, состојката одговорна за да се чувствувате опуштено по консумирањето на марихуаната, научникот ги проширил своите истражувања и станал светски познат експерт за марихуаната.

Тој инаку е жесток поборник за консумирање на марихуаната, но за лицата кои ја користат во медицински цели.

Предноста на користењето медицинска марихуана и самиот Raphael ја видел кога им давал екстракт од ТХЦ на деца кои се наоѓале на хемотерапијаа. Во соработка со педијатрите и лекарите кои ги лечат пациентите од рак, дошол до заклучок дека пациентите третирани со ТХЦ за време на хемотерапијата подобро се опоравуваат, бидејќи токму тоа им ги ублажува вртоглавиците и повраќањата.

Иако има 82 години, Raphael истакнал дека нема намера да се пензионира, туку дека сака да продолжи со своите истражувања кои ги спроведува на Универзитетот во Ерусалим.

httpv://www.youtube.com/watch?v=oUkl0zIl72c

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag