Заради болест една американка не смее ниту да помисли да јаде било каква храна која не не направена специјално за неа.Вели дека многу и недостига храна.
Семанта Пекораро(15) од Флорида може да јаде само компири додека останатата храна ја добива преку сонди за хранење.Девојката има болест на езофагусот заради што нејзините бели крвни зрнца ја напаѓаат храната веднаш штом ќе ја прголта,а болеста е неизлечива.
За секоја храна имам посебен третман како можам да ја јадам.Ми недостасува Mc Donald’s,брокула,марула и овошје-вика Саманта.Доадава дека би добила алергиска реакција доколку не внимава и изеде нормална храна- изјавува Daily Mail.
Девојката раскажува како се што ќе изеде ја тера на повраќање,а често дехидрира ја боли грлото и желудникот.Нејзината мајка Сузан вели дека нејзината ќерка не смее да јаде ни роденденска торта за нејзиниот роденден.
Нејзината ситуација ми го крши срцето.Се плашам бидејќи незнам што ќе биде во иднина.Што ќе биде кога ќе запознае дечко кој ќе сака да ја однесе на вечера?-прашува нејзината мајка.
Иако има големи проблеми со исхраната девојката сака да стане готвачка.Вика дека обожава да готви, иако не смее да проба ништо од тоа што го припремила.Американското министерство за здравство известува дека околу 200 000 Американци боледуваат од истата болест