Актерката Ева Лонгорија слабее само, кога се ограничува од својата омилена храна.
Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ ја открила тајната на својот совршен изглед – нејзината специјална диета која е многу елементарна всушност. Таа само го ограничува внесот на јаглехидрати. Ова е основното правило. Таа признава дека два месеци не внесува воопшто јаглехидрати и ги отпишала од своето мени дури и нејзините омилени – банани и грозје. Од овошје е дозволено само едно јаболко и еден портокал или грејпфрут дневно
Во текот на овие месеци, основниот извор на енергија е протеинската храна. Исто така се ограничени и мастите од животинско потекло, а предност им се дава на оние од растително како што се маслиновото масло, маслото од грозје, ленено масло и др. Исто така таа јаде секојдневно по неколку свежи салати.