Еден мексиканец се обидел да прошверцува повеќе од 3,2 килограми кокаин во Аризона, а не е познато дали шверцерот навистина бил инвалид или количката му служела само за пренесување на дрогата.
Мексиканецот дрогата ја сокрил во перничето од седиштето на инвалидската количка.
Американската царинска служба соопштила дека 43 годишниот мексиканец бил сопрен на редовен претрес, а кокаинот бил пронајден во пет пакувања во перничето од количката, а цената на улица за дрогата би изнесувала околу 65.000 долари.