За да изгледа вашата коса убаво и здраво вие треба да научите неколку ефикасни процедури и методи. Во оваа статија ќе ви претставиме неколку методи со чија помош ќе го убрзате природниот раст на косата, а истовремено ќе изгледа убава и здрава.
Оштетените врвови треба да се кратат редовно на секои 6-8 седмици,
Правете масажа на скалпот со топло масло, а потоа оставете маслото да делува по целата должина на косата еден час.
Маска од белки од јајце – ова е процедура која и помага на косата да расне побрзо, но исто така има и лековит ефект и ја прави косата здрава, мека и сјајна.
Пијте вода за здрава коса – ако пиете по 8 чаши вода секој ден, вие не само ќе се чувствувате подобро, но и ќе и помогнете на косата да изгледа витално и да расне побрзо.
Избегнувајте да користите фен и други уреди за обликување на косата кои се на принципот со загревање.
Јадете храна богата со протеини. Ако протеините се дел од вашето секојдневно мени вие веднаш ќе ја забележите промената на вашата коса кон подобро.
Етерични масла – ако ја барате најдобрата процедура за вашата коса трогаш пробајте го следново: направете маска од 3 капки масло од лаванда, три капки масло од розмарин, малку масло од јојоба и масло од тиква. Нанесете ја смесата и оставете да делува 30 минути.