Најновите научни достигнувања од областа на регенерација на човековиот вид се бионичките очи, кои за разлика од досегашните кои имале батерија, имаат соларно напојување.
Ова бионичко око го измислиле научниците од Калфорнискиот Универзитет Стенфорд.
Ова откритие дополнително го олеснува вградувањето на бионичкото око, така што на оние луѓе кои го загубиле природниот вид ќе им се олесни животот.
Новите бионички очи се уште не се тестирани на луѓе, туку само на стаорци, а кај нив совршено работеле.
Досегашните тестирања со вградување на бионички очи покажале дека оние кои имаат вградено вакви очи видот постепено им се враќа. Иако не станува збор за кристално јасен вид, по неколку години поминати во мрак ова е одличен напредок.
httpv://www.youtube.com/watch?v=vpJaMY9OWa4