Во едно основно училиште во Австралија на децата им биле поделени чоколатца во форма на гради, пениси, задници.
Во основното училиште во Вудбери, северно од Сиднеј, на церемонијата по повод ден на мајките децата добиле подароци меѓу кои имало и чоколадни бомбони.
Но, кога мајките ги отвориле пакетчињата, имале што да видат, чоколадни гради, задници и пениси.
„Се шокирав. Немаше ниту едно чоколатце кое не беше поврзано со секс. Морав веднаш да ги тргнам од очите на децата“, изјавила Касандра Лејси, чии два сина одат во ова училиште.
Од училиштето се обиделе да се „исперат“ со изјавата дека пакетичињата ги подготвувале самите родители и дека училиштето нема никаква врска со тој настан.