Пејачката е во страв поради еден ужасен настан, и преку Твитер ги моли новинарите и фотографите да бидат подалеку од нејзината куќа и да не објавуваат слики од нејзината вила на Дедиње.
Поради веста која излезе во медиумите дека жена-манијак ги нападнала нејзините деца додека биле со баба Дивна Карлеуша, Јелена се огласи на Твитер и изјави дека ќе мора да бара полициска заштита.
Потоа следуваше нов твит, кој беше упатен од љубопитните медиуми, кои се собраа околу нејзината куќа, со надеж дека ќе фатат нешто ексклузивно.
– Ги молам уредниците на весниците да не објавуваат слики од мојата куќа. Загрозена е мојата и безбедноста на моите деца. Ве молиме да ги повлечете новинарите.