Жените често го избегнуваат месото и млечните производи зошто мислат дека содржат премногу калории. Но треба да знаете дека токму протеините го контролираат апетитот и го активираат метаболизмот и согорувањето на енергија.
Протеините се во основата на структурата на сите клетки. Освен тоа тие се и извор на енергија. Во просек, протеините треба да претставуваат 20-25% од вкупниот дневен внес на калории.
Храна богата со протеини е месото, рибата, млекото и млечните производи, јајцата, леќата, јатките, соја и нејзините продукти. Зеленчукот исто така содржи протеини и антиоксиданси, како например пченката, грав и брокули.
Значи, она што треба да го сторите, ако целта ви е намалување на килограми, ограничете го внесот на масти од животински потекло и јаглехидрати. Ако режимот на исхрана биде базиран основно на протеини, зеленчук и овошје, резултатот ќе биде гарантиран.