
Пејачката, која го добила своето прво дете на 1 мај. Ќе лансира модна линија наречена “Jessica Simpson Maternity”.
Новата линија е креирана за модерните мајки, кои сакаат да го задржат својот стил и за време на бременоста. Ќе вклучува фустани, маици, џемпери, елеци, јакни и костими.
Откако станала мајка, Симпсон својата возбуда ја споделила со обожавателите на Твитер.
“Мајчинството е дефинитивно најдобрата работа која ми се случила”, напишала Симпсон.
Новата модна колекција на Џесика Симпсон се очекува во продавниците оваа есен.