Две млади момчиња во Колумбија влегле во интернет кафе, ги користеле компјутерите и кога тргнале да ја платат сметката извадиле пиштоли и го ограбиле локалот.
Грабежот можеби ќе им успеел, но еден од момчињата заборавил да се одлогира од својот фејсбук профил.
Вработениот во интернет кафето веднаш повикал полиција, а го запишал името и адресата на момчето кое го заборавил својот фејсбук профил отворен.
Младите криминалци набрзо биле фатени и сместени во притвор.