
Кога зборуваме за „нормален“ секс имаме во предвид секс кој изгледа вака:
– Отсуство на комуникација,
– Ниту еден од партнерите не се смее,
– Партнерите се манијакално загрижени за успешниот крај на актот,
– Минимум еден од партнерите не ги познава желбите на другиот,
– Минимум едниот од партнерите го толерира она што не го сака, со надеж дека тоа наскоро ќе престане,
– Маструбацијата е табу,
– Тој смета дека нејзините проблеми со оргазмот се поради него,
– Таа смета дека неговите проблеми со ерекцијата се поради неа,
– Комплекси по однос на физичкиот изглед,
– Недостаток на емоционална поврзаност со партнерот,
– Недостаток на самоувереност во она што едниот партнер или двајцата го прават,
– Немање слобода да го споделиш она што те возбудува,
Како што гледате „нормалниот“ секс започнува да изгледа доста ненормален. Добро би било сериозно да го погледнеме овој факт и да се обидеме навреме да внесеме некои промени.
Ваквото однесување во кревет и емоционалната изолација воопшто не се нормални и не треба да ги прифатиме и да се помириме со нив.
Единственото „нормално“ нешто на ваквиот вид секс е фактот дека многу луѓе го прават механички без да разбераат како воопшто се стигнало до тука.
Ова е апсолутно погрешен начин да се гледа на сексот и ве прави со ниска сексуална интелигенција. Сексот треба да си остане спонтан!