На Кварнер и Истра во тек се многу фестивали посветени на аспарагусот.Листата на благотворните својства на оваа билка за чување на здравјето и лечење е импресивна.Уште кога ќе го припремите на вкусен начин, се чини како добитна комбинација.
Нискокалорични богати со минерали и витамини аспарагусот е идеална намирница за целото семејство и тоа во секаква ситуација.Па да почнеме…Вчера сте се напиле?Аспарагусот помага за олеснување на мамурлакот и ја чува јетрата од штетното дејство на алкохолот.
Аспарагусот изобилува со магнезиум и цинк а тука се и железото,фосфор, калиум и бакар.Богати се со антиоксиданси,фолна киселина,пробиотик и инулин.Вистинско богатство.Затоа аспарагусот го штити срцето и крвните садови.Сите во семејството кое внимаваат на здравјето припремете си паштета од аспарагус.
Фолната киселина со која изобилува аспарагусот помага за да ве заштити од рак на белите дробови,дебелото црево и матката.Баш поради фолната киселина се препорачува на бремените жени.
За сите оние кои се борат со тврда столица решение е аспарагусот-богат со влакна.Делува корисно и за дијабетичарите.Како диуретик или за менструалните болки.Го редуцира холесторолот, го намалува крвниот притисок и го прочистува организмот.
Сигурни сме дека нема да се двоумите ни секунда и уште утре ќе го припремите за ручек, уживајте во вашиот оброк