Покрај црната, смеѓата и плава коса кои секојдневно ги гледаме, посебно убава и специфична е црвената боја за коса.
Години наназад црвенокосите дами не ја сакале својата природна боја на коса, која оди заедно со пеги, светол тен и очи.
Една од причините е што биле обележани од раѓање и отфрлени од општеството.Сепак денес е вистинска чест да си црвенокос.
Дури и познати сликари како Климт сликале црвенокоси дами.
Сетете се и на префинетите глумици како Никол Кидман,Мариса Крос,Џесика Кастијан и многу други кои исто така се црвенокоси.
Голем број на жени им завидуваат и се трудат да добијат таква боја, а кога ќе успеат да ја добијат правата нијанса, впечатокот за околината е неверојатен.
Експертите за боја со години прбувале да произведат автентична црвена-исто како природната.
Затоа, само напред бидејќи сега црвената боја на коса е помодерна од било кога досега.