Со само 17 години таа стана светска ѕвезда, а како растеше така стануваше се посекси, па многу пати беше прогласена за секс-бомба. На своите настапи, и сега не се плаши да го покаже своето тело и провокативен танц, но не изгледа ниту приближно добро како некогаш…
– Следната година морам да престанам да ги гризам ноктите. Сакам да престанам толку да се грижам секојдневно со се околу мене, изјави Бритни Спирс уште во 2008 година, но не успеа во својата намера.
Овие фотографии се од промоцијата на новото студио и шоуто “X Factor”.
Изгледа дека после нервниот слом, судењето околу старателството за децата и периодот на одвикнување од пороците, поп-принцеза не е целосно опоравена, иако е во многу подобра ментална состојба отколку во претходните години.