Бројот на интернет корисници во Велика Британија во првиот квартал од годината достигна 42,16 милиони луѓе, или 83,7 % од вкупното население, покажале официјалните бројки.
Судејќи според кварталниот извештај на Националното биро за статистика (ONS), во Британија, бројот на лица кои не користеле интернет опаднал на 83.000 луѓе.
Според извештајот 86,1 % оф мажите и 81,3 % од жените користат интернет.
Возраста има големо влијание врз користењето на интернетот, покажал извештајот. Околу 7,16 милиони лица на возраст меѓу 16 и 24 години, односно 98,6% од нив користат интернет.
Спротивно од таа група, само 27,4% или 1,26 милиони луѓе од старосната група од 75 години користат интернет.