Неговата екселенција aдмирал генерал Аладин го посетил отворањето на 65 филмски фестивал во Кан каде што во друштво на моделот и актерката Елизабет Каналис и неколку стражари одлично се забавувал во луксузната јахта.
Меѓутоа, ситуацијата во еден момент излегла од контрола, а смеата и шампањот ги замeнила расправија која завршила трагично, а Елизабет потоа не е видена.
Секако, се работи за една представа за медиуми која за новинарите ја приредил контроверзниот Саша Барон Коен промовирајќи го својот нов фил Диктатор.