Случајно ја проголтала четката за заби!

popara17 мај, 20121min00
y6jujy6

На една 24 годишна израелка и биле потребни два дена да најде некој кој ќе и поверува дека случајно ја проголтала четката за заби од 20 сантиметри.

За нејзиниот случај се заинтересирале лекарите во медицинскиот центар во Хаифи, кои ги сфатиле маките на оваа млада девојка и успеале да и ја извадат четката за заби која ја проголтала.

Девојката која работела во еден центар за нега на стари лица, по завршувањето на работата дошла дома и почнала да ги мие забите. Поради аголот под кој се наведнала да земе вода од славината додека ја држела четката за заби крај усната, случајно се лзинала и четката влегла низ нејзиниот хранопровод во стомакот, навеле израелските медиуми.

Најпрво девојката се обидела да повраќа и да ја исфрли четката за заби, но не успеала. Веднаш заминала на доктор, а таму и направиле ренгенска снимка, но докторите неможеле ништо да дијагностицираат, па морала да прави дополнителни тестови.

Лекарите ја испратиле дома, уверени дека сонува или дека не е сосема нормална.

Следниот ден девојката имала силни болки во стомакот, па братот ја однел во друга болница. Повторно направила снимка, но четката за заби никаде не можела да се види. Дури со помош на софистицирана компјутерска томографија успеале да ја најдат четката за заби во нејзиното тело.

„Кога ја видовме четката за заби од 20 сантиметри загрижени бевме и веднаш одлучивме дека тоа е случај за операциона сала“, изјавил докторот Ури Сегол.

Тој успеал да ја извади четката за заби од стомакот на девојката и изјавил дека докторите мора повеќе да внимаваат и да ги слушаат пациентите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *