Aishwarya Rai Bachchan, пред седум месеци родила ќерка, но посакуваната актерка поради килограмите насобрани во бременоста се нашла на мета на критики.
“Таа е боливудска актерка и нејзина должност е да изгледа убаво и негувано. Треба да учи од Викторија Бекам која веднаш по породувањето ја вратила старата фигура”, тврдат обожавателите.
Но, актерката со тоа не се оптеретува, таа вели дека ужива во мајчинството, а во нејзина одбрана застанале и многу индиски колумнистки.
“Анџелина Џоли и Викторија Бекам се можеби примери, но нашите тела се разликуваат, некои жени имаат облини и не можат за две недели да ја вратат фигурата”, изјавила една од колумнистките.