Имав многу обврски таа ноќ и морав да излезам. Сигурно ако сум го ставил во џеб ми испаднал, или пак ако останал дома жената некаде го ставила. Го нема, изјавил бизнисменот од Бања Лука.
Среќа во несреќа.
Сопственикот на една градежна компанија и неколку бензински пумпи од Бања Лука, Митар Васиќ, тврди дека е добитник на седмицата на лото, но дека го загубил добитното ливче.
Тој изјавил дека комбинацијата ја уплатил на улицата Младен Стојановиќ чисто да си ја проба среќата, и дека бил изненаден кога ја извлекле токму неговата комбинација.
Од лотаријата од Република Српска кажале дека се уште никој не ја преземал наградата од 3,3 милиони конвертибилни марки.