Гледала филм и сфатила дека боледува од рак!

popara18 мај, 20121min00
we23

Британката Алекс Купер (17) заклучила дека боледува од леукемија откако ги препознала симптомите гледајќи го филмот „Чуварот на мојата сестра“.

Во филмот една од главните актерки заболува од тешка болест, па така Алекс ги препознала истите симптоми и кај себе. Бидејќи се исплашила, веднаш заминала на доктор, кој и открил дека има редок вид на леукемија. Сепак, болеста била дијагностицирана на време, па Алекс по тешките хемотерапии почнала постепено да се опоравува.

Младата Алекс изјавила дека ја фатило паника кога го гледала филмот, но не сакала непотребно да ги вознемирува родителите.

„Тоа беше еден надреален момент. Се што видов на филмот го препознав кај мене. Се обидов да се смирам, но сепак заминав на лекар. Кога се потврдија моите сомневања мислев дека тоа е крајот“, изјавила Алекс.

Меѓутоа Алекс сега верува дека филмот  и го спасил животот.

„Да не го гледав филмот можеби немаше да ми ја откријат болеста на време. Претпоставувам дека едноставно имав среќа. Сепак, повторно нема да го гледам филмот, многу ме вознемирува, го сокрив под креветот“, додала на крај оваа тинејџерка, која по терапијата се чувствува подобро и може да продолжи нормално да живее.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag