Можеби звучи невозможно, но еден човек го направи она што многумина сонуваат да го направат. Тој прошетал низ 11 земји, видел океани и бил на неколку страни во светот. Сето тоа го направил само за пет месеци без пари.
Мајкл Видџ го напуштил својот дом во Берлин и поминал 25 илјади километри, а сето тоа го раскажал во својата книга „Како да го пропатувате светот за џабе: Јас тоа го направив можете и вие“.
За време на патувањето тој се превезувал со авто стоп, кампувал, работел се и сешто само за да може да се вози со бродови, аавтомобили, а некогаш и пешки. Во неговата одисеја му помогнале околу 100 лица, луѓе кои не ги познавал, а му нуделе превоз, храна и преноќиште.