Се појави уште еден скандал во светот на познатите. Бремената сестра на Ким Кардашијан е шокирана од постапките на нејзиното момче.
Кортни Кардашијан дознала збунувачка вест за нејзиниот дечко Скот Дисик и поради тоа ја прекинала врската!
Магазинот “Life&Style” наведува дека Скот има неколку приватни снимки, каде се “забавува” со многу девојки.
-Скот е опседнат со секс. Во куќата носеше девојки и со нив правеше различни работи, а некои ноќи се снимени. Сигурно постојат осум или девет вакви снимки. Тогаш мислевме дека, ако почнеме да се снимаме за време на сексот може да станеме славни. Скот сега се пошегува во шоуто, отсекогаш сакаше да биде познат, изјавил неговиот пријател Доналд.
Иако сето тоа се случувало пред Кортни изгледа дека на идната мама, сето тоа и пречи. Таа е со нивниот синво Лос Анџелес, а Скот е во Њујорк.
Откриено е дека го исфрлила од заедничкиот дом, а сето тоа го забележале и камерите од шоуто на семејството Кардашијан.
Се прашуваме, дали е ова вистина или само сценарио за шоуто?