Хрватскиот актер, продуцент, и двојен добитник на престижната награда Оскар, Branko Lustig, изјави дека во неговиот нов филм, ќе глуми Penelope Cruz.
Шпанската актерка која стана позната во бројни холивудски филмски улоги треба во филмот на Branko да одигра улога на дилер на дрога.
“Во моментов подготвувам еден филм во Америка, каде што работам три години, но се е прашање на пари кои се многу тешко да се соберат”, изјави Lustig. Branko додаде дека станува збор за една жена која издржува казна затвор од 20 години поради продажба на дрога.