Рајан Харт (14) од Мичиген се шокирал кога го земал првиот залак од својот сендич купен во ресторанот за брза храна Арбис. Покрај салатата, зачините и месото, во сендвичот имало и уште нешто, човечки прст!
Според соопштението, на една работничка од ресторанот, машината за сечење и го отсекла прстот, а таа набрзина излегла и заминала во болница. Нејзиниот колега без да погледне го спакувал сендвичот и го продал на Рајан. Детето кога стигнало дома почнало да го јаде сендвичот, но почувствувал дека нешто не е во ред.
„Помислив дека загризав нешто, толку беше грозно“, изјавил Рајан. Ја повикал мајка си, а таа му рекла дека некој останал без прст. Рајан бил во голем шок, па морал да земе лекови за смирување. Џон Греј еден од раководителите на ресторанот изразил големо жалење поради овој инцидент.