Основачот на Фејсбук Марк Зукерберг неделата во која неговата компанија е проценета на 106 милјарди долари ја заокружи со венчавка.
Се ожени со својата долгогодишна девојка, 27 годишната Присила Чан, на церемонијата одржана во неговиот дома во Калифорнија.
Чан оваа недела на 28 дипломирала на медицинскиот факултет точно на роденденот на Марк.
Гостите во домот на Зукерберг мислеле дека се поканети на прослава на дипломска, но набрзо сватиле дека се работи за венчавка.
Венчалниот прстен на кој се наоѓа еден рубин, го дизајнирал самиот Зукерберг пренесува BBC
Парот се запознал пред 9 години на Харвард каде што Зукерберг го основал Фејсбук.Покасно се преселиле во Калифорнија каде што се наоѓа седиштето на Фејсбук, а Чен студирала на универзитетот во Калифорнија.