Раскошните фустани, дело на познатата дизајнерка Guo Pei се премногу големи за модниот подиум. Колекцијата претставува мешавина од традиционалниот кинески стил и европските традиции.
Екстраваганцијата на овие модели привлече клиенти од целиот свет – од Лејди Гага до елитата на Кина и Европа.
Колекцијата „Легендата на Змејот“ е наменета за многу богатите девојки, рачна изработка, скапоцени материјали и украси, источни мотиви – со еден збор уметност во модата.