Талентираното момче кое сонувал да стане моден креатор, се обесил, бидејќи во училиштето го нарекувале девојче, поради долгата коса.
Тревис КОр (15) бил пронајден мртов во градината. Неговите родители изјавиле дека момчето било матретирано во училиштето поради долгата коса.
Ноќта пред да си го одземе животот и дал на мајката предвремен роденденски подарок кој сам го дизајнирал. Мајката изјавила дека бил многу талентиран и дека често во сред ноќ станувал да црта.
Тинејџерот веќе одредено време бил депресивен и се обидел да си наштети и предходно. Добивал стручна помош и пиел соодветни лекарства.
Училиштето се уште не дало официјална изјава за смртта на тинејџерот, а полицијата го истражува случајот.