Особено голема е ползата од пливањето за срцето, бидејќи по време на оваа физичка активност се подобрува апсорбцијата на кислород од страна на организмот.
Но видете какви уште ползи за здравјето и убавината на телото можете да извлечете од овој воден спорт.
Обликување на рамениците и рацете – ова е особено важно за нас жените, бидејќи се тек на време тонусот на рацете попушта, па не изгледа воопшто пријатно и убаво опуштена кожа кога сте облечени во маичка или фустан без ракави.
Оформување на половината – пливањето е најдобрата вежба за оформување на половината. Ако вашата цел е да намалите килограми, пливањето е вистинскиот избор, бидејќи за еден час согорувате исто толку калории како трчање 10 километри за истото време.
Затегање на задникот – додека пливате можеби нема да забележите дека ги активирате бедрените мускули и глутеусот. Резултатот ќе го забележите покасно, кога ќе облечете нешто припиено за телото.
Обликот на нозете – со пливање ќе постигнете добро оформени и стројни нозе. Вежбите во вода се особено полезни за луѓето со проширени вени.
Искористете го летниот одмор и направете нешто добро за себе си. Јадете пред се овошје и зеленчук и многу пливајте. Придржувајќи се на ваков режим, нема да ве препознаат кога ќе се вратите!