Не е тешко да го принудите својот сопруг, пријател или син да направи што ќе посакате, но ако користите такви методи значи дека нешто во врската не штима. Клучот да го натерате партнерот да ги исполни вашите желби, е да му дадете нешто во замена – натерајте го да поверува дека вашата цел вреди и заслужува. Независно дали станува збор за шеф, клиент, сопруг или дечко, методите се едни и исти.
Замолете го – понекогаш е доволно да му покажете колку многу би значело за вас, ако ја исполни вашата желба. Секогаш е добро да му дадете шанса…барем при првата молба!
Неговото его – секој маж, а и жена би биле склони да направат нешто, ако се убедени дека тие се единствените кои можат да ја завршат таа работа како што треба. Пофалете го за слични задачи кои успешно ги завршил во минатото и дајте му да разбере дека неговото учество во конкретниот случај е премногу важно.
Сообразете се со неговиот распоред – многу е важно да го замолите во вистинскиот момент. Тешко дека би бил многу услужлив ако е во гужва, ако брза за некаде, ако е пред излегување и сл. Да го погодите вистинскиот момент е клучен фактор за постигнување на посакуваниот резултат.
Покажете му дека и тој ќе има полза – не е нопходно да го поткупувате, туку само да го убедите, дека ако ја исполни вашата желба и тој самиот ќе извлече некаква полза. Всушност и поткупувањето одвреме навреме врши добра работа.
Машкиот биоритам – една студија покажала дека машкиот биоритам влијае на неговото расположение во текот на денот. Условно најдоброто време да побарате некаква услуга е од 18-20 часот.
Меѓутоа никогаш не се служете со измама и манипулација, за да натерате некој да направи што сакате – ќе нанесете штета на взаимниот однос кога тој ќе открие дека бил искористен.