Стравот од штрајкови, извештаите за нетрпеливост, па дури и насилство кон германците поради острите мерки за штедење се причините поради кои тие се помалку ќе заминат за Грција на одмор ова лето.
За презадолжената Грција има уште една лоша вест, бидејќи германските авиокомпании и туристички агенции навеле дека резервациите за оваа земја се намалени за 30%.
Извештаите за нетрпеливост, па дури и насилство кон германците поради острите мерки за штедење кои од Атина ги побара Меркел во замена за финансиска помош, како и штрајковите, довеле интересот за Грција да опадне како туристичка дестинација.
Туризмот е клучен извор на приходи за Грција и опфаќа околу една петтина од бруто домашниот производ.
„Ситуацијата со Грција, како и со северна Африка е многу лоша“, изјавил извршниот директор на „Er Berlina“, Хартмут Медорн.