Американскиот актер Бред Пит ги негираше гласините денес во Кан дека тој и Анџелина Џоли ќе се омажат во август.
Холивудскиот срцекршач, кој на фестивалот го претстави својот нов филм “Killing Them Softly”, изјави дека неговата славна партнер нема да се појави вечерва со него на црвениот тепих.
– Таа во моментот не е овде. Го подготвува својот нов филм кој треба многу набрзо да почне да се снима, им изјави Бред Пит на новинарите.
Запрашан дали планира повторно да глуми со Анџелина Џоли, Пит изјави дека ” навистина би сакал” и истакна дека сеуште не го одредиле точниот датум за свадбата која ја најавија минатиот месец.
Пит и Џоли ја започнаа врската за време на снимањето на филмот “Mr and Mrs Smith” во 2005 година. Заедно имаат три биолошки и три посвоени деца.