Американецот Јуџин Поли кој во 1995 година го измисли далечинскиот управувач, починал во неделата во својата 96 година во болница во Чикаго.
Веста за смртта на Јуџин Поли ја објавиле претставници на компанијата Зенит ЕЛектроникс, во кој тој работел како инженер цели 47 години. Поли по потекло од Чикаго, починал во својот град во болница. Во Зенит работел од 1935 година.
Во текот на Втората светска војна работел на радарски системи во служба за американските воени сили, а повојната работел на изработка на радио приемници за автомобили и видеодискови, предходници на денешните двд-а.
Во 1997 година награден е со ЕМИ награда како пионер во развојот на далечинскиот управувач.