Marina Bay Sands – хотелот со бескраен „ небесен “ базен

popara23 мај, 20123min00
qq3e

И покрај сите необични и преубави хотели во светот, помеѓу туристите, овој хотел е омилен. Причината се крие во бескрајниот базен со облик на гондола,  кој се наоѓа врз три кули кои го сочинуваат целиот комплекс. На висина од 200 метри, придружуван од фантастична градина, овој базен е местото кое Ви овозможува да го погледнете светот од малку поинаква перспектива.

Базенот е лоциран на работ на отворената тераса на која се наоѓа и градината, долг е 150 метри и претставува најголем базен од ваков тип. Хотелот има 2.500 соби, шопинг центар, сала за конференции, два театри, музеј и неколку ресторани. Конструкцијата на хотелот чини 8 милиони американски долари… Можеби поради сите овие брилијантни услови, овој ресорт е најскап во целиот свет. Најмалата хотелска соба дневно ќе Ве чини 200 американски долари, а доколку би се одлучиле за најголемите соби, Вашиот буџет ќе го скратите дневно за  1.500 американски долари…

Само фотографиите од еден од најубавите хотели во светот… значат многу адреналин !!!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *