Гласини дека најбараниот супермодел во светот, Жизел Бундхен е по втор пат бремена почнаа да се шират после балот кој беше одржан на 07 мај во музајот Metropollitan во Њујорк.
Таа ноќ, убавицата и нејзиниот сопруг Том Брејди, наводно со пријателите ја споделиле среќната вест. Според тврдењата на бразилските медиуми Жизел пред да замине на балот на дизајнерот Ричард Тисција, им соопштила дека е во втори месец од бременоста.
Жизел сеуште не ја потврдила оваа вест, но не даде официјална информација и кога беше првпат бремена.
Изгледа дека има “baby boom” меѓу ангелите на Викторија Сикрет, со оглед на тоа дека во моментот се бремени Адријана Лима и Лили Олдрич.