Предизвикај ги љубовта и среќата…размислувај вака!!!

popara24 мај, 20121min00
s1

Ви предлагам неколку мисли кои сигурно ќе ви помогнат да почнете да размислувате на нов начин и така да предизвикате да ви се случуваат нови и убави работи во животот.

Вие сте многу посилни отколку што мислите дека сте. Грешките се лекции. Секој пат, кога ќе згрешиш, всушност се приближуваш уште еден чекор поблиску кон целта. Секој успех почнува со решението да пробаш. Единствениот кој може да те потегне назад си самиот ти.

Она што си, е резултат на она што мислиш. Нашите мисли ја креираат нашата реалност.

Колку и да напредуваш, секогаш ќе се најде некој, за да ти каже дека нема да успееш. Твоја работа е да ги затвориш ушите за нивните коментари.

Реално е само она што го чувствуваш и не е ни малку важно што мислат останатите. Ако не знаеш како да постапиш, послушај ги инстиктите. Ако се колебаш запрашај се:„Како ќе постапев ако не ми беше страв?“

Многу често не согледуваме дека успехот е многу блиску и се откажуваме на чекор до него. А најголемата грешка е да не се осмелиш да направиш ништо од страв да не погрешиш.  Секако треба да минеме и низ лоши денови за да стигнеме до убавите.

Прави го она што ти сакаш, а не она што другите го очекуваат од тебе.

Ако сакаш да се почувствуваш богат, преброј ги сите свои нешта кои не можат да се купат со пари. Тоа е вистинското богатство.

Да си простиш себе си е многу поважно од тоа другите да ти простат.

Ако секое утро се будиш со мислата дека нешто убаво ќе ти се случи, наскоро ќе видиш дека си бил во право.

Нема да разбереш колку силен си навистина додека силата не остане твојот единствен избор.

Понекогаш добрите нешта си одат за да дојдат уште подобри.

За да промениш нешто, треба да се исправиш против него.

Плачењето не покажува дека си слаб, но не решава ни проблеми.

Колку и грешки да правиш по патот кон целта, сепак си понапред од оној кој воопшто не се ни обидува.

Престани да се грижиш за она што другите мислат за тебе.

Ако мислиш дека можеш, во право си. Ако мислиш дека не можеш, повторно си во право.

Не плаши се да ги пречекориш границите на својот комфорт. Само така ќе ти се случат интересни работи во животот.

Да се откажеш од нешто, не секогаш значи дека си слаб. Понекогаш тоа покажува дека си доволно силен и умен зошто си го пуштил да си замине.

Никогаш не можеш да бидеш 100% сигурен дека нешто ќе проработи. Но може да си 100% сигурен, дека ако не правиш ништо, нема да проработи.

Колку и внимателно да ги избираш зборовите, се ќе се најде некој што нема да те разбере правилно. Затоа кажи го тоа што го мислиш.

Не се моли кога врне, ако не се молиш кога грее сонце.

Не е важно да имаш шанса, а да најдеш шанса.

Многу често „не сега“ станува „никогаш“, па затоа моментот е сега. Не успехот доаѓа кај тебе, а ти одиш кај него.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma