Оние работи од кои треба да се ослободите уште денес!!!

popara24 мај, 20121min00
s2

Она што ни пречи да ги постигнеме своите цели и да живееме среќно многу често сме ние самите…понекогаш тоа што ни пречи да продолжиме напред се некои запечатени спомени од минатото…

Еве неколку работи од кои треба да се ослободите, ако сакате најпосле да започнете да живеете среќно и исполнето…

Ослободете се од:

Вината – може ли да се врати времето за да се смени нешто во минатото? Одговорот е НЕ!. Па затоа еднаш засекогаш ослободете се од вината и почнете да живеете. Размислете што точно ве прави да се чувствувате виновни и прифатете го тоа едноставно само како уште една животна лекција. Ништо повеќе!

Негативното мислење – ова е најлошто нешто што можете да си го дозволите. Една негативна мисла повлекува со себе и друга, процес кој на крајот преминува во една опасна мисловна лавина, која не може повеќе да се контролира.

Потреба од одобрување – престанете да се докажувате пред останатите. Едноставно прифатете дека не може да им се допаѓате на сите и фокусирајте се врз себе. Вистината е дека она што го мислат другите, не е воопшто важно.

Гнев и тага – секој страда во даден момент од својот живот. На сите ни биле кршени срцата и сме биле повредувани во некој период од минатото. Да собирате горчини и да страдате за тоа што веќе се случило, нема да го смени минатото, но пак сигурно ќе има огромно влијание на вашата иднина и нема да дозволи среќата да ве огрее.

Лажни пријатели – тоа што имате 657 пријатели на фејсбук, не значи дека имате 657 пријатели. Во реалноста поголемиот дел од овие луѓе воопшто не се интересираат за нас или се едноставно лицемерни. Она што треба да го сторите е да ги пресечете тие негативни пријателски врски и да се посветите само на вистинските пријатели – доста помалку на број но како квалитет многу повеќе. Зошто тоа се оние кои ќе бидат тука кога ќе ви требаат.

Самодоверба – негативната представа за самите вас може да има огромно влијание врз се што правите и ви се случува во животот. Ослободете се од ниската самодоверба и започнете да се сакате.  Вистината е дека колку повеќе се сакате себе си, толку повеќе ќе ве сакаат и останатите.

Почнете уште денес – сами ќе се уверите дека целиот труд ќе ви се исплати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma