Судејќи според најновите извештаи на американските медиуми, старлетата Ким Кардашијан станала зависна од таблети за смирување.
Извори блиски на семејството Кардашијан изјавиле дека зависноста на старлетата Ким Кардапијан ја открила нејзината сестра Клое, која проаншла таблети во нејзината соба.“Консумира валиум и таблети за спиење. Минатиот пат овие таблети ги пиела по раскинувањето со Реџи Буш пред две години” изјавил близок извор на познатото семејство.
Кога во собата на Ким ги пронашла таблетите, Клое веднаш знаела за што се работи, па наводно на својата сестра и поставила ултиматум: или Ким ќе се “исчисти” за три недели или Клое ќе им го пренесе проблемот на нејзината мајка Крис и дечкото Кение.
Поточно, се сомневаат дека Ким починала деструктивно да се однесува поради притисокот на јавноста по паузата со поранешниот сопруг Крис, на што се надоврзал и големиот список на обврски.“Се започна со неколку апчиња за спиење и се претвори во вистинска зависност. Ким веројатно е среќна што Клое ја открила нејзината тајна, бидејќи тоа ќе и помогне да се ослободи од овој порок”, додава извор близок на старлетата. Ким по ова прашање сеуште не се изјаснила.