Австралијанка најбогата жена на светот

popara25 мај, 20121min00
r34

Нејзиното богатство за само година дена се зголемило од 10 милијари на 29,17 милијарди долари.

Канбера- Австрилијанката Џина Рајнхарт прогласена е за најбогатата жена на светот бидејќи нејзиното богатство пораснало од околу 10 милијарди на 29,17 милијарди долари за време од една година.Тоа го објавил бизнис порталот БРВ.

Богатството на наследничката на рудници е пресметано врз база на податоците од магазинот Форбс, кој важи за најсигурен извор на информации за богатите бизнис луѓе во светот и нивните инвестиции.

Џина Рајнхарт од таткои наследила 25% од фирмата Ханкок Проспектинг а проценетата вредност на таа четвртина е околу седум милијарди долари.До сега на списокот за 200 најбогати жени  била Американката Кристи Волтон, наследничка на трговскиот ланец Волмарт.Богатството на Кристи Волтон е проценето на 25,4 милијарди долари.

Џина Рајнхарт пред година дена е прогласена за најбогата Австалијанка со имот во вредност од 10,3 милијарди долари.Тоа е првпат богатството на било кој во Австалија е проценето на повеќе од 10 милијарди долари.