Иако секогаш е професионална и на нозе ги поднесува сите проблеми со кои се соочува, пејачката не беше во можност да ги контролира своите чувства на нејзиниот последен концерт…
Пред повеќе од 10.000 луѓе, колку што имаше на концертот кој е дел од турнејата “Љубовта живее” во Софија, Цеца се расплака на сцената! Во моментот кога ја запеа песната “Zabranjeni grad”, нејзините фанови подигнаа транспарентите на кои беше испишано нивното мислење за пејачката. Таа беше воодушевена, но не можеше да ги скрие емоциите, што беше подоцна обелоденето од нејзина страна на нејзиниот Твитер профил:
– Каков концерт! Ме расплака публиката во Софија! Целата сала подигна срце на кое пишуваше “Те сакаме, Цецо”.
После овој спектакуларен концерт, Цеца отиде во Париз, па и тоа го објави на социјална мрежа:
– Секогаш сум го сакала Париз и чувството кое ми се буди кога слетувам во Париз. Го обожавам овој град.