Американската поп ѕвезда Никол Шерцингер заблеска на вчерашната премиера на филмот Man in Black 3 во атрактивен црвен фустан кој повеќе откриваше отколку што покриваше. Никол вешто позираше пред фотографите па така тоа што сите го очекуваа не се случи.
Бившиот член на жирито X Фактор во филмскиот хит што доаѓа ја глуми Lily Poison.Во интервјуто за американскиот Е! Напоменала дека гледачите ќе мора да обрнат многу внимание ако сакаат да ја видат во филмот.
-Тоа е мала улога.Многу сум возбудена затоашто мојот лик умира. Се појавувам кажувам неколку реченици и потоа умирам- вели атрактивната Никол.
На премиерата на филмот и се придружуваат и ѕвездата Вил Смит и Томи Ли Џонс.