Кои мажи, според хороскопскиот знак на кој припаѓаат, се соодветни за силните жени, советува украинскиот јасновидец Максим Гордеев. Тој често ги советува познатите и моќни жени од Украина и елитата на Русија. Меѓу клиентите има голем број ѕвезди од шоубизнисот. Еве што тој советува:
Обично во животот на силната жена има два драматични моменти. Првиот се случува во детството – развод на родителите, загуба на татко или поголем брат, предавство на блиска пријателка или пријател. Втората лична катастрофа се случува помеѓу 20-30 годишна возраст. Се карактеризира со несреќна љубов, фатално разминување на личностите во врската или болно изневерување од страна на партнерот. И двата момента помагаат жената да изгради моќен и цврст карактер.
Таа е крајно амбициозна или поради детството или поради преживеаното разочарување и сака да докаже доминација над конкретниот човек – љубовник, сопруг, татко или пријателка и тоа е нејзиниот најсилен мотив за акција и победа.
Идеалниот партнер за неа е маж, повозрасен од неа 7 години во знакот на Риби, Стрелец, Овен и Дева.
Максим се бави и со егзорцизам на зли духови од домовите. Својата дарба ја наследил од баба му – јасновитка од 7 поколенија. Од 9-ет годишен комуницирам со духовите на починатите и ги лекувам луѓето од неизлечиви болести. Исто така се занимава и со појавата наречена „астрални вампири“ кои ја апсорбираат животната енергија на нападнатиот човек.