Во денешното премногу брзо и премногу зафатено секојдневие наоѓањето на сериозен партнер е неверојатно тешка задача. Освен тоа со зголемувањето на бројот на години, тоа станува уште потешко, зошто нашите претенции стануваат се поголеми, а шансите за запознанства се помали.
Еве каде заслужува да го побараме вистинскиот човек:
Во кругот на пријателите и познатите
Најлесниот начин да сретнете сродна душа е во кругот на своите блиски луѓе. Истражувањата покажуваат дека 92% од луѓето излегуваат со човек со кого се запознале преку семејството или пријателите, а 40% стапуваат во брак со луѓе од сопствениот круг.
Ви ја препорачуваме оваа варијанта, зошто е релативно безопасна – ги елиминира несоодветните типови и ви штеди време за запознавање нови луѓе, бидејќи во случајов и двајцата до некаде споделувате едни и исти интереси. Ако го проширите кругот на своите познати, шансите ви се зголемуваат.
Ви нудиме неколку совети како да се реализира тоа:
Гледајте со широко отворени очи околу себе и запознавајте се со други луѓе од вашето соседство или со пријатели на вашата пријателка.
Бидете активни, контактирајте со луѓето кои ви се допаѓаат.
Прифатете ја поканата од својата пријателка да отидете со неа на салса или пак пристапете на мажот кој секојдневно го среќавате во паркот на пример.
Гледајте на секој човек што го запознавате како за дел од нова верига контакти.
На работното место
Фирмата во која работите и поминувате поголем дел од своето време, е едно од најперспективните места за да го сретнете вистинскиот човек. И покрај широко распространетото мислење дека врските на работното место предизвикуваат компликации и лоша атмосфера, некои од најдобрите бракови се имено помеѓу колеги. Според истражувањата околу 80% од луѓето излегуваат со човек кого го сретнале на работното место.
Веројатноста да се разочарате е исто така помала, бидејќи знаете со кого си имате работа, а освен тоа за убаво или лошо ќе имате подршка и од колега и од партнер.
Преку агенции за запознанства или интернет
Ако сте страмежливи по природа, овие два начина се добар избор за вас. Размислете добро пред да се решите за ова, зошто за разлика од претходните опции, овде постои голема веројатност да налетате на измамници, лажговци и луѓе што сакаат да ве искористат.