Спасувачката операција и извлекувањето на Џорџија од куќата траела дури 8 часа.
Ебердар – Армија од пожарникари, градежници и болничари, го срушиле делот од куќата во Јужен Велс, за да ја извлечат и спасат 19 годишната Џорџија Дејвис, тешка 400 кг.
Единствениот начин за да се спаси било, да се извлече од куќата и да се превезе до болницата , бидејки, едноставно паднала, на сред собата, од која инаку и не излегувала. На девојката и станало лошо, по серија на гушења и болови во градите, објави Британскиот таблоид Сан.
Операцијата на нејзиното спасување и извлекување од куќата траела цели 8 часа, а 40 луѓе, непрестано работеле на рушењето на делот од куќата на која сега се гледа дупката од која е Џорџија извлечена.
Градежниците , поставиле кран, со кој девојката е спуштена од куќата директно на улицата, која била затворена за сообраќај.
Британските медиуми подсетуваат дека пред 4 год кога имала 15 год. е прогласена за најтешка тинејџерка во Британија.
Џорџија, се обидела да држи најразновидни диети, но, ја отфрлила и онаа која неодамна Британските нутриционисти, ја осмислиле токму за неа…
httpv://www.youtube.com/watch?v=g3MbS03KRMw