Зошто женското пријателство често е лицемерно?

popara27 мај, 20121min00
s1

Со тешки маки седнав да ја пишувам оваа статија. Не сакав да се сеќавам на сите пријателски разочарувања, кои ми се случиле, кои сум ги надминала…можеби не сосема, штом ми е тешко да мислам за нив…

Сигурно сум ги заслужила таквите разочарувања, ќе кажете…И сугурно сте во право. Јас сум сосема искрена, можете ли и вие да бидете? Самата идеја дека нема идеални луѓе, веќе е доволна предпоставка да грешиме еден спрема друг. Но пак постои разлика помеѓу грешката и напад со умисла врз душата. Зошто таа страда кога некој ќе ни забие нож во грб, нели?

Од сите мои истории и тие кои ги знам од пријатели, мислам дека во овие ситуации, колку и сите да сме луѓе, најмногу на тој испит паѓаме ние, жените. Прашањето е зошто? Што не предизвикува да бидеме егоцентрични и безкруполозни кон оние на кои небаре споделуваме и веруваме и кои се потпираат на нас. И зошто за мажите зборот пријателство има речиси библиска тежина?

Знаете ли од каде извира еден од проблемите според мене? Конкуренцијата. Која е поубава, која е поумна, позабавна, сакана…Конкуренцијата раѓа завист – „Зошто на неа и се посветува внимание, а не мене, со што е таа подобра од мене, и ако ја понижам можеби јас ќе се истакнам и издигнам над неа…“

Машкиот збор има тежина, на женскиот се гледа со иронија. Ми текнува за една мисла: „Кога има пријателство меѓу две жени, задолжително има и заговор против трета!“.

Нашата претерана емоционалност е склона да хиперболизира се – „Ете, таа му се насмевнува, значи ми работи зад грб, ќе ја елиминирам…“ Ние сме такви не само со своите пријателки, но и кон се друго – драми, разочарување, одмазда, кукање…Но кога станува збор за живи луѓе е многу болно и фрапира. Претпоставувам, зошто и другите имаат чувства…

Секако се откажувам да задавам правала. Изнесувам само информации од личниот живот и врз базата на тоа правам изводи, кои претпоставувам се блиски на многу од вас.

Иначе и јас имам пријателки од детството. Продолжувам да запознавам нови и интересни жени и верувам дека колку поголеми стануваме, толку помалку ќе има предавства. Рачунам на тоа зрелоста да почне да го контролира првичното во нас.

Но и покрај тоа – повеќе се ослонувам на моите пријатели од машки пол. Тие не завидуваат, нема да му се пуштат на мојот дечко, нема да љубоморат на мојот успех или изглед. Тие се стабилни, кога навистина се пријатели, но тоа веќе е една друга тема.

Ви посакувам малку, но вистински пријатели, без разлика од полот. Важна е честа!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag