Продуцентот на албумот “Watch the Throne”, Mike Dean, откри дека раперската двојка ќе ја повтори својата соработка на уште еден студиски албум.
“Сеуште немаме започнато со” Watch the Throne 2 “, но тој сигурно доаѓа”, изјави Dean.
Уште во декември, Jay-Z ја најави можноста за снимање на уште еден албум “Watch the Throne” кога на MTV изјави дека тој и West повторно пронашле заеднички јазик, во креативна смисла.
Двајцата музичари моментално имаат голем број на обврски. Додека Kanye West дебитира со 30-минутен филм “Cruel Summer” во Кан, новопечениот татко Jay-Z продолжува со настапи и и дава поддршка на Бијонсе која исто така се враќа на музичката сцена после породувањето.