Уникатни трговски центри – за малку поинаква шопинг манија…

popara28 мај, 20121min00
r34q

Шопинг… И веќе кажано е сé !!! Не мора да спаѓате во групата на луѓе кои го гледаат како пасија, за да знаете дека претставува огромно задоволство…

Особено, доколку се наоѓате во некој прекрасен трговски центар…

За да биде задоволството уште поголемо, Ви претставуваме трговски центри со уникатна архитектура…

Вистински празник за очите и за оние кои сакаат промени и за вистинските шопингхоличари !!!

1. Khan Shatyr, Astana, Казахстан

Овој неодолив трговски центар кој се наоѓа во срцето на градот, особено го привлекува вниманието ноќе, кога блеска во повеќе бои. Има големина на нешто повеќе од 10 фудбалски стадиони, комплексот содржи и река, како и ресорт, за оние на кои обичниот шопинг не им е доволен.

2.Il Vulcano Buono, Нола, Италија

Инспирацијата, односно формата на мини вулкан која што го прави овој трговски центар посебен е очигледно во близината на планината Везув. Во внатрешноста има хипермаркет, галерија и кино. Изграден е во концентрични кругови кои формираат конусна форма, која е отворена на средината.

3. Iluma, Сингапур

Овој комплекс е повеќе од обично задоволство, наречено шопинг. Замислата да излезете од дома и да се најдете во преубав шопинг комплекс, ова место ја остварува на прв поглед. Неговата кристална фасада која си игра со светлината и рамните делови покриени со билборди, создаваат неверојатен дизајн..:Овој трговски центар, буквално блеска…

4.The Bullring, Бирмингем, Велика Британија

Овој комплекс отстапува од другите конвенционални градби кои го опкружуваат. Неговиот изглед на прстен и алуминиумските дискови во сина боја, кои најмногу доаѓаат до израз навечер, создаваат надреална визија.

5. Canal City, Fukuoka, Јапонија

Не е ново дека Јапонците имаат извонредно „ сетило “ за стил и архитектура до перфекција. Дизајнерите на овој трговски центар, се пред се, промотери на мирот и релаксацијата. Објектот е изграден околу канал кој тече во внатрешноста. Шетањето во овој трговски центар е  релаксирачко искуство, кое потсетува на тивка прошетка во внатрешноста на преубавата јапонска градина.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag