Илјадници луѓе во неделата присуствуваа на одбележувањето 75 години од еден од најпознатите мостови во светот, Голден Гејт, Сан Франциско.
Разни манифестации се случувале низ градот, а прославата била завршена со спектакуларен огномет.
„Тоа е култна структура за нас“, изјавил еден жител на Сан Франциско.
Мостот бил отворен на 27 мај 1937 година, а од тогаш повеќе од 2 милијарди возила поминале преку него.
Во времето кога бил отворен бил најдолгиот мост на светот, се до 1964 година кога е изграден мостот Верзазано ви Њујорк.