Само пет месеци по раѓањето на ќерката Блу Ајви, пејачката се врати на сцената со стил.Во одлична форма, Бијонсе одржа три концерти во Атлантик Сити.
Публиката ја поздрави со аплауз, а подршка и даде и првата дама на САД, Мишел Обама, која дојде на концертот со своите две ќерки.
Бијонсе на вториот концерт кажа како успеала да се ослободи од килограмите после бременоста.
“Немате претстава колку напорно морав да работам за да изгубам 27 килограми.Не се симнав од траката за трчање и јадев само зелена салата”вели Бијонсе.
Напорното вежбање и гладување се исплатело, бидејќи Бијонсе изгледа подобро од било кога, што и го покажа во сценските костими.
Меѓутоа сега кога се врати во форма ,пејачката планира да се почасти.
Вечер ќе се уништам со чоколадо- вели Бијонсе која пред концертот во Атлантик Сити не настапувала 9 месеци.Покажа дека мајчинството не влијаело на нејзината сценска изведба бидејќи приреди прав спектакал.
httpv://www.youtube.com/watch?v=PFOxBM4Ih-s