„Белата смрт“ или „белиот отров“ – шеќерот!

popara7 ноември, 20141min00
3

Алкохолот и цигарите одат заедно со знаци за предупредување од евентуалниот ризик и опасности! Но шеќерот, кој крие многу опасности во себе, се консумира во неограничени количини и без никакво предупредување.

Во САД, каде ова претставува тежок проблем, Американската здравствена асоцијација која јавно ја обвинува индустријата за производство на газирани пијалоци за кризата со зголемената телесна тежина, веќе почнува да издава свои директиви за консумацијата на шеќер.

Институтот по медицина и Националниот совет одат дури подалеку, односно тие предлагаат да се наложи данок за производителите на шеќер и газираните пијалоци. Во основата на нивните аргументи стојат студии и анализи според кои консумацијата на белиот отров се зголемила со 28% од 1983 година и тоа не само во САД, туку на светско ниво. Паралелно со тоа драстично е зголемен и процентот на луѓе кои страдаат од диабет, болести на срцето и наднормална телесна тежина која од своја страна предизвикува редица тешки болести.  Експертите тврдат дека луѓето во просек консумираат три пати повеќе од дозволената дневна количнина шеќер и дека тоа мора да се редуцира, доколку не сакате да ја влошите својата здравствена состојба. Исто така тие советуваат дека на темата „белата смрт“ треба да се гледа многу посериозно, бидејќи има тежина исто како цигарите и алкохолот, од медицинска гледна точка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma